УПИС НА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ
Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ, бр. 161 од 05.08.2019 година) ООУ „КУЗМАН ШАПКАРЕВ“ СКОПЈЕ,
Ве известува дека во текот на месец мај, 2023 година ќе започне со запишување на ученици во прво одделение за учебната 2023/2024 година.
Уписот ќе се реализира од 4.5.2023 година до 31.05.2023 година со електронско пријавување, а за родителите/старателите кои немаат услови за електронско пријавување, ќе се овозможи лично пополнување на пријавите и потребните документи во просториите на училиштето секој работен ден од 9:00 до 12:00 часот.
По доставената пријава родителот, односно старателот ќе биде контактиран телефонски од страна на Комисијата за запишување на ученици во прво одделеление. Пред да се изврши опсервација, родителот односно стрателот е должен да ја достави потребната документација за детето, според барањата во јавното соопштение, а во согласност со Законот за основно образование.
За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето најдоцна до 15 Јуни 2023 година.
Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.
Децата кои не се вклучени во настава, а се со надмината возрасната граница, може да се запишат во основно училиште со ресурсен центар согласно членот 14 од Законот за основно образование(161/19).
Пријавувањето може да се реализира и преку електронската апликација за упис на порталот e – uslugi.
Пријавувањето може да се реализира и електронски на следната адреса: kuzmansapkarev@gmail.com
За да закажете термин за упис потребно е да се јавите на телефонскиот број 02 2793 002.
Потребни документи за упис ( во електронска форма т.е. скенирани):
- Извод од матична книга на родените (фотокопија);
- Државјанство на ученикот (за ученици родени во странство)
- Лична карта од родителот/старателот – на увид;
- Потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна институција;
- Потврда (упат) за офталмолошки преглед издадена од надлежна инстутуција најдоцна до пред започнување на учебната 2023/2024 година;
- Потврда (упат) од стоматолошки преглед, издадена од надлежна здравствена установа најдоцна до пред започнување на учебната 2023/2024 година;
- Функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
За запишување на детето кое ќе наполни шест години до 31 Јануари 2024, потребно е родителот односно старателот претходно да поднесе писмено Барање за запишување во училиштето кое може да се земе лично во просториите на училиштето и по добиено позитивно Мислење од специјален едукатор и рехабилитатор или психолог.
Потврдите можат да се достават дополнително во оригинална форма на датумот утврден за тестирање на Вашето дете.
За други информации можете да се обратите кај стручните соработници во училиштето, на e-mail kuzmansapkarev@gmail.com или на тел: 02 2793 002.
Директор
Жаклина Божиноска