Во чест на 100 – годишнината од раѓањето на кодификаторот на македонскиот литературен јазик и еден од најпочитуваните големци во македонската литература, човек со лавовско срце, Блаже Конески, беше распишан конкурс од страна на Министерството за образование и наука. Нашата ученичка, Матеја Талеска испрати своја творба со која го испочитувавме Конески и неговата долгогодишна работа, како и делата коишто ќе се паметат со векови. Ученичката ни освои прво место и сите сме многу горди. Да ни се множат наградите!