На 8 Декември Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу учениците на светите браќа Кирил и Методиј. Првиот македонски архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, е најзначаниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња (црковно, просветно, книжевни…), тој станува заслужен не само за македонскиот народ, туку и за сиот христијански свет.
По овој повод, нашите ученици кажаа на разглас по некој убав македонски збор, следеа презентација изработена од наставничката по македонски јазик Анета Јумбрукова-Алексова со што го овековечија ликот и делото на св. Климент.
Нека ни е честит и вековит празникот!!!