УНЕСКО го прогласи денешниот 5 Oктомври за Меѓународен ден на учителите во 1993 година. Интернационалата за образование, која претставува 29 милиони образовни работници во 166 земји, го празнува Светскиот ден на учителот од 1966 година. Во чест на 5 Октомври, Светскиот ден на учителот, Општина Кисела Вода, им оддаде признание на просветните работници за нивната посветена и благородна работа.