Со игра и песна вчера учениците од Кисела Вода го прославија првиот училишен ден во Паркот на бранителите во населбата Драчево.
Музичкиот хепенинг ,,Музички волшепства” беше во изведба на продукцијата ,,Триангл Пулс“, кои на оригинален и иновативен начин успеаа да ги доближат најзначајните класични музички дела до најмладата публика.
Речиси два часа тие пееја, комуницираа, се шегуваа, а ним, со ритмички точки им се придружија учениците од училиштата во населбата, меѓу кои и нашето „Кузман Шапкарев”, кое го претставуваа ученици од 3-1 одд., под менторство на наставничките Сашка Стефановска-Морски и Станка Карамитреска.