Библиотеките и библиотекарството претставуваат значаен сегмент од културата на едно општество и играат важна улога во градењето на личноста низ процесот на образованието. Училишните библиотеки им овозможуваат на нивните корисници – учениците и наставниот кадар, лесна и глобална достапност до информациите, нивно пребарување и зачувување, како и брз трансфер на знаења. Училишните библиотеки имаат важна улога во развојот и во градењето на личноста од најмала возраст па се до нивното полнолетство.

Библиотеката како институција со културен, едукативен и информативен карактер преку своето дејствување промовира и иницира култура на позитивен однос кон книгата и придобивките од читањeто и информираноста кон сите членови на нашата заедница. Токму затоа ниту еден образовен процес не може да се замисли без наука, култура, уметност и рекреација. Сите нешта од областа на културата, уметноста и рекреацијата кои се забележани низ просторот и времето, како сведоштво, било тоа да се на камен, глина, хартија, платно или целуоидна трака и сл., претставуват библиотечен материјал.

            Денес библиотеките, како претставници на книгите инсистираат и интензивно се наметнуваат да бидат доминантни во движењето на културата, свеста на еден народ и неговата културна историја. Но, исто така библиотеката претставува моќен и ефикасен сервис на информации за сите граѓани. Книгите се наши сојузници во ширењето на информациите, образованието, науката и културата ширум светот.

„Тимското работење подразбира способност да се работи заедно на заедничка визија, да се насочат индивидуалните постигања кон целите на тимот. Тоа е можност за луѓето со просечни можности да постигнат натпросечни резултати. Целината претставува повеќе од простиот збир на елементите.“

Andrew Carnegie

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *