1 СЕПТЕМВРИ – Првиот училишен ден осамна со весела раздвиженост, подавање раце за некои поранешни, а за некои многу нови другарства. 

Новите јунаци на денешницата, малите мозочиња кои се подготвени да ги прошират своите видици, да осознаат многу вистини, да се впуштат во авантурата наречена наука, да се описменат и да ја понесат иднината во своите раце, денес го направија првиот чекор и во нашето училиште.

Среќен почеток првачиња!

На младите умови – сите наши ученици им посакуваме најпрво многу здравје, незаборавни школски денови денови, другарства кои ќе траат цел живот и одличен успех кој ќе биде награда за посветеноста, упорноста и желбата за знаење. Оваа учебна година напишете уште една успешна приказна!

Нека е среќна и успешна новата учебна година и на наставниците, вработените во училиштето и соработниците!

ЗАПОЧНА НОВАТА 2024/2025 УЧЕБНА ГОДИНА!

Драги првачиња! Овој ден е навистина магичен! Станавте ученици и токму денес Ви се отвора нов пат наречен „училиште“. Овој пат нека Ви биде среќен, лесен, интересен. Училишните денови нека Ви бидат исполнети со стекнување на многу нови знаења.


СРЕЌНО И УСПЕШНО ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА