На убаво замисленото и реализирано чествување на раѓањето на великанот Гоце
Делчев, токму со културен натпревар, на 3.2.2023 г. во Локалната библиотека во Велес
беа доделени наградите од натпреварот на пишаниот збор. Нашата ученичка Јована
Струмениковска од 7-2 одделение, под менторство на наставничката Анета
Јумбрукова-Алексова, ја освои првата награда за проза.
Речиси пред две столетија Гоце Делчев изјавил: „Јас го разбирам светот како поле за
културен натпревар меѓу народите“.
Во Локалната библиотека, пред присутните гости, почитувачи на пишаниот збор,
вљубеници во литературата, естетиката, фотографијата и музиката беше прикажан
видеозаписот за животот и делото на Великанот. Беа доделени наградите за
најчитатели во повеќе категории, како и наградите на литературниот конкурс и
фотоконкурсот. Доделени беа и благодарници на сограѓани коишто донирале книги.
Програмата беше збогатена со драматизацијата на расказот „Табакерата“ – Ѓ. Абаџиев
од страна на учениците од ООУ „Св.Кирил и Методиј“и со музички точки.
Книгите ја бришат прашината на душата од секојдневието на животот.
Честит
Патронат!