По повод светскиот ден на учителот којшто традиционално се одбележува во светот со цел изразување почит и благодарност кон дејноста на учителот, така и во нашето училиште Кузман Шапкарев, членовите на библиотекарската секција под менторство на библиотекарот Благица A. Kрстевска и членовите на литературната секција, под менторство на Марија Атанасова со своите вредни раце го украсија паното пред училишната библиотека со своите творби за почитта и љубовта кон нивните учители.
Нека им е честит денот на сите учители во светот.